Просечната цена на употребуваните автомобили во Германија во септември годинава падна за околу 300 евра, на 26.487 евра, достигнувајќи го најниското ниво од јануари 2022 година, кога просечната цена беше 26.252 евра, покажуваат податоците на германскиот пребарувач „Аутоскаут24″. Во изминатава година просечната цена на употребуваните автомобили на германскиот пазар е намалена повеќе од пет проценти или за 1.397 евра. Од врвот во март 2023 година, кога цените на половните автомобили беа највисоки, цените се намалени за повеќе од девет проценти. Сепак, треба да се нагласи дека цените се многу повисоки отколку што беа пред пандемијата. Во споредба со јануари 2020 година, тие во моментов сè уште се повисоки за 27 проценти.
