домаСВРТИ НА ИГРАДАРИО СЕ ВРАЌА НА МАКФЕСТ ПО 26 ГОДИНИ, ВО ШТИП ПРВПАТ ЌЕ...

ДАРИО СЕ ВРАЌА НА МАКФЕСТ ПО 26 ГОДИНИ, ВО ШТИП ПРВПАТ ЌЕ ПЕЕ ПАВЛЕ КАМИЛОВСКИ

„Сакаме да промовираме песни со повеќе забавни жанрови кои ќе опфатат поширока публика, не зборуваме само за хитови какви што досега донел Макфест, туку за музика и мелодии чии рефрени ќе се потпевнуваат и ќе се паметат“, рече уметничкиот директор на Макфест, Роберт Саздов, на прес-конференцијата во Штип.

Продуцентот Јован Јованов, кој е дел од уметничкиот совет, кажа дека Дарио (фото), кој ќе пее на втората вечер на 26 октомври, последен пат настапил на Макфест во 1998.

„Дани Димитровска ќе пее исто така, а и таа не била долги години на Макфест. Освен Елена Ристеска, за првпат пее и Павле Камиловски“, рече Јованов.

Годинашниов, 39. по ред Макфест, кој ќе се одржува на 25 и 26 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“, е со најголемата музичка конкуренција досега. Пред три години сегашниот уметнички совет на фестивалот започнал со 15 пријавени песни, наредната година биле 56, а годинава во селекцијата биле рекордни 76 композиции.

Ден 18 април 2025

00:01:17