домаСВРТИ НА ИГРАВО ТЕЛОТО НА ЛИЈАМ ПЕЈН ПРОНАЈДЕНИ ПОВЕЌЕ ДРОГИ, МЕЃУ КОИ И „РОЗОВ...

ВО ТЕЛОТО НА ЛИЈАМ ПЕЈН ПРОНАЈДЕНИ ПОВЕЌЕ ДРОГИ, МЕЃУ КОИ И „РОЗОВ КОКАИН“


Објавен е токсиколошкиот извештај на Лиам Пејн. Пејачот имал траги од комбинација на повеќе дроги во неговиот систем, вклучително и „розов кокаин“, кога паднал од балконот на неговиот хотел, според извештаите на аргентинската полиција.

Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови на посмртните останки на Пејн открија траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“, кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.

„Делумната обдукција откри дека Лијам Пејн имал повеќе супстанции во неговиот систем кога паднал од балконот на третиот кат од неговата хотелска соба во Буенос Аирес“, се вели во извештајот.

„Овие супстанции вклучуваа ‘розов кокаин’ – рекреативна дрога која обично е мешавина од неколку дроги, вклучувајќи метамфетамин, кетамин, МДМА и други – како и кокаин, бензодиазепини и крек“, се наведува во извештајот.

Претходно во неговата соба беа пронајдени бел прав, траги од хемиски кристали и лекови на рецепт.

Поранешниот пејач на One Direction, Лиам Пејн, починал на местото на настанот од повеќе повреди, вклучително и фрактура на черепот, потврди менаџерот за итни случаи во Буенос Аирес минатата недела.

Ден 18 април 2025

00:01:17