домаВестиКИНА И ДРОНОВИ - ПРОТОТИП НА ЏИНОВСКИ ДРОН СО ДОМЕТ ОД 3.800...

КИНА И ДРОНОВИ – ПРОТОТИП НА ЏИНОВСКИ ДРОН СО ДОМЕТ ОД 3.800 КИЛОМЕТРИ

Како што пренесува „Business Insider“, дронот со ознака „Lanying R6000“ може да носи два тони товар и е развиен од компанијата „Shenzhen United Aircraft“. Дронот „Lanying R6000“ има домет до 3.800 километри и може да лета на височина од 7.600 метри. Тој е способен за вертикално полетување и слетување како помалите беспилотни летала благодарение на пропелери кои можат да се прилагодат по потреба. Интересно е што концептот на овој дрон беше претставен во февруари на саемот во Сингапур, а сега е готов неговиот прототип. На социјалните мрежи е објавено видео од прототипот пред кој позираа работниците.

Ден 18 април 2025

00:01:17