На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочеше Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал при СВР Скопје. Тој детално ја опиша потрагата по исчезнатата Вања, откривајќи нелогичности во случајот и забавување поради различни насоки, вклучително и сомнежи за нејзин виртуелен дечко од странство. Димовски објасни како осомничениот Влатко Кешишов ги довел полицајците до местото каде што било погребано телото на Вања, истакнувајќи дека Кешишов постојано повторувал дека „не е човек”. Обвинети се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Кешишов и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
