домаВестиЗЕМЈОТРЕС ОД 5,9 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ РЕГИОНОТ НА МАЛАТИЈА

ЗЕМЈОТРЕС ОД 5,9 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ РЕГИОНОТ НА МАЛАТИЈА

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер ја погоди Турција, со епицентар на 46 километри источно од Малатија, на длабочина од 9 километри, соопшти ЕМСЦ. Малатија, која веќе претрпе тешки оштетувања од минатогодишните разорни земјотреси, повторно се соочува со сериозни последици. На социјалните мрежи се појавија снимки од моментот на ударот, кој предизвика паника меѓу населението. Властите во Турција ја следат ситуацијата, а за сега нема информации за жртви или материјални штети.

Ден 18 април 2025

00:01:17