Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги бранеше своите планови за реформирање на американската економија преку драматично зголемување на тарифите и поинтензивна консултација со Федералните резерви, тврдејќи дека неговите политики ќе резултираат со значителен раст и покрај проекциите дека неговата агенда ќе предизвика инфлација и ќе го зголеми националниот долг. Во разговор за „Блумберг” Трамп го бранеше односот со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека нивните позитивни врски биле корисни за САД.
