Од вчера, цигарите произведени од Империал Тобако ТКС АД Скопје, вклучувајќи ги брендовите Родео, Вест, Жаде и Давидоф, се продаваат по нови, повисоки цени, со зголемување од 10 денари по пакет. Оваа промена е резултат на новиот Закон за акцизи, кој беше усвоен во октомври 2023 година и предвидува редовни годишни покачувања на цените на цигарите, почнувајќи од 1. јануари секоја година. Се очекува дека и другите производители на цигари ќе ги следат овие промени во цените во наредните денови. Владата планира да собере дополнителни 13 милиони евра годишно од зголемените акцизи, со цел зајакнување на приходите и намалување на употребата на тутунски производи.
