домаUncategorizedОд вкупно 126 учебници,недостигаат 43-само учениците во прво и второ одделение ќе...

Од вкупно 126 учебници,недостигаат 43-само учениците во прво и второ одделение ќе ги имаат сите

Од вкупно 126 учебници по задолжителните предмети, нема дури 43, констатирала Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и утврдила дека Министерството за образование и наука не ја отстранило констатираната повреда на правото.

Дури 43 учебници недостасуваат за учениците од прво до деветто одделение за оваа учебна година, утврдила Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска истакна дека биле откриени низа пропусти во работата на МОН за новата учебна година, и според неа, не задоволува објаснувањето дека учебникот е во фаза на подготовка или печатење.

Единствени ученици кои ќе ги имаат сите учебници се тие од прво и второ одделение.

„Од вкупно 126 учебници потребни за сите задолжителни и изборни предмети во деветгодишното основно образование, на почетокот на оваа школска година МОН не обезбедило 43 учебници“ 34 %“

Без ниту еден учебник по сите задолжителни предмети започна годината за учениците од трето одделение, додека пак учениците од петто одделение ќе немаат учебник по општествени науки и историја, кој беше повлечен во мај годинава. Поради ваквите натрупани проблеми, постои пожност Комисијата да го тужи Министерството за образование.

„Во овој случај станува збор за дискриминација на многу голема популација, голем број ученици кои учат на сите јазици. Остануваат без учебникот, како основно средство за стекнување знаење. Во таков случај, Комисијата има право да покрене тужба против јавните институции кои не ја отстраниле дискриминацијата“

Од друга страна, учениците од 7-мо, 8.-мо и 9-то одделение, учебната година ќе ја следат според старата програма. Учениците кои ја следат наставата на абански, српски, турски и босански јазик, од четврто, петто, шесто одделение нема да имаат учебник по македонски јазик, иако покрај мајчиниот јазик имаат обврска да го учат официјалниот јазик во Македонија.

Ден 18 април 2025

00:01:17