Македонската православна црква Охридска Архиепископија, Јустинијана Прима може да стане фактор на обединување на целото Православие, за кое сите знаат дека е поделено, рече преспанско-пелагонискиот митрополит Петар во беседата при интронизацијата на владиката Јован за нов митрополит крушевско-демирхисарски.
Тој демантираше дека во Светиот Архиерејски Синод на Македонската црква постои било каква поделеност, на некакви си „русофили” и „глобалисти”, каква што, како што рече, заговарале некои медиуми или поединци новинари, кои ги нарече „фанаридиоти”, кои самите лажно себе си се декларираат како фанариоти.

Владиката Петар искажа силно уверување дека Македонската црква сака и може да биде причина за обединување на Фанар и Москва.
