Возило на Брзата помош се запали во Куманово, а очевидци велат дека нема повредени.Од кумановската болница засега нема соопштение за настанот. Според видеото кое го објави LAJM.TV на местото на настанот присутни се двајца пожарникари и едно противпожарно возило.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
