домаUncategorizedИндискиот лунарен ровер на месечевиот јужен пол измерил температура од 70 степени

Индискиот лунарен ровер на месечевиот јужен пол измерил температура од 70 степени

Индискиот лунарен ровер „Прагјан“, кој на Месечината беше истоварен од вселенското летало како дел од мисијата „Чандрајан-3“, ги испрати на Земјата првите научни податоци кои ги менуваат идеите за јужниот пол на Месечината, бидејќи е измерена температура од 70 степени Целзиусови, додека досега постоеше мислење дека може да биде меѓу 20 и 30 степени, соопшти Индиската организација за вселенски истражувања.

Организацијата на платформата „Икс“ (Твитер) соопшти дека се мери температурата на горниот слој на тлото на Месечината околу јужниот пол за да се разбере термичкото однесување на површината на сателитот.

Како што се наведува, роверот е опремен со температурна сонда со механизам што може да ја мери температурата на тлото на Месечината до длабочина од 10 сантиметри.

Ден 18 април 2025

00:01:17