Светските медиуми и интернетот се преполни со фотографија од Доналд Трамп од затворот во Атланта, во прв случај на апсење на еден поранешен американски претседател, со амбиции пак да го добие мандатот.

Противниците го споделуваат за да му наштетат, а тој самиот ја објави за да собере пари за кампања и поддршка. Инаку ова е четврто апсење на Доналд Трамп, поради обвиненија за обид за незаконска измена на изборните резултати, за кое сите, а и тој самиот, знаеше дека ќе се случи уште пред да слета во Атланта. Пуштен е веднаш по фотографирањето со кауција од 200.000 долари.
Трамп веднаш ја сподели фотографијата на својот обновен твитер профил каде за нецел час доби речиси 15 милиони прегледи. „Маж, белец, висок 190 сантиметри со руса коса и сини очи со затворски број P01135809“ напишаа под сликата од затворот во Фултон.
Републиканските поддржувачи на Трамп се воодушевени, сметаат дека фотографијата ќе стане попозната од Мона Лиза.
За разлика од нив, либералните демократи исто така ја споделуваат сликата, сметајќи дека ќе му наштетат.
Неговиот ПиАр тим смета дека фотографијата како жртва на репресии, ќе му ја крене популарноста и ќе му помогне да собере пари за кампањата за идните претседателски избори, која ја започна.
Апсењата воопшто немаат правен ефект врз кандидатурата.
