Почина пациентот од комбето на брзата помош чии вработени задолжени да го транспортираат беа снимени како пијат кафе на бензинска, додека пациентот лежи во комбето.
Како што објави „Слободен печат“ пациентот бил во терминална фаза на карцином и го транспортирале од Скопје до Струга. Починал неколку дена по транспортoт.
Снимката од бензинската пумпа е направена на 14 август, а снимката дошла до новинари кои му ја презентираа на Министерот за здравство. На снимката од бензинската пумпа на автопат, се гледа болен човек во комбето на итната помош на кислородна маска, додека медицинската екипа пие кафе и се освежува е всушност последната снимка од пациентот.
Министерот за здравство изјави дека ќе го разгледа случајот за кој беше информиран од новинарка.
-Ако го потврдиме ова, мерките ќе бидат многу ригорозни. Знаете како постапувам јас. Веднаш ќе го разгледаме во министерство овој случај и ако го потврдиме дека е точно ќе бидат преземени строги мерки, вети Меџити.
