домаUncategorizedРусија бомбардираше украинско пристаниште на Дунав

Русија бомбардираше украинско пристаниште на Дунав

Силоси со жито и магацини беа погодени од руски дронови во нападот на руската армија врз украинско пристаниште на реката Дунав во близина на границата со Романија

Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер изјави дека руските дронови нападнале два пати а главни цели им биле пристаништата и житарките на југот од регионот. Според украинските власти, жртви нема, но уништени се силоси и магацини во кои биле складирани пченица и сончоглед.

Руските терористи го нападнаа регионот на Одеса синоќа и тоа два пати со дронови. Главна цел им беше пристаништето и житните култури со кои располага Украина во јужниот регион на Одеса“,напиша Кипер на Телеграм.

Украина има две главни пристаништа на реката Дунав – Рени и Измаил, но украинските власти не соопштија кое од овие две е погодено. Овие две пристаниште се од огромна важност за извозот на пченица откако Русија ги блокираше украинските пристаништа на Црното море и се повлече од договорот со кој се дозволуваше извоз на украинска пченица и жито преку морето.

Украинските власти објавија дека во синоќешниот напад уништиле 13 руски дронови над регионот на Одеса и Миколајев.

Ден 18 април 2025

00:01:17