домаUncategorizedВо Вашингтон средба на премиерот на Украина и американскиот секретар за одбрана

Во Вашингтон средба на премиерот на Украина и американскиот секретар за одбрана

  • Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска се сретна со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во седиштето на Пентагон, каде разговараа за поддршката на Вашингтон за Киев.
  • „Двајцата лидери разговараа за приоритетите во безбедносната помош, како што се противвоздушната одбрана и артилерија, како и обуката за украинските вооружени сили“, се вели во соопштението на Пентагон.
  • Во соопштението за печатот се наведува дека Шмихал и Лојд се согласиле за важноста на обезбедувањето безбедносна помош.
  • Си-Ен-Ен објави дека Шмихал ги повторил барањата на Киев за борбени авиони Ф-15 и Ф-16 и ракети со поголем дострел.
  • „Ќе победиме во оваа војна, но за да ја постигнеме целта побрзо и со помалку жртви, на Украина и понатаму и е потребна интензивна воена поддршка“, рече Шмихал. ссм/
  • фото: Твитер принтскрин

Беше 28 март 2024

00:06:28

Беше 27 март 2024

00:03:43

Ден 27 март 2024

00:01:17