домаUncategorizedТелефонски разговор Османи - Кулеба

Телефонски разговор Османи – Кулеба

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска телефонски разговарал со шефот на дипломатијата на Украина Дмитро Кулеба. Османи го информирал Кулеба за одлуката Македонија да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.

“Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата континуирана поддршка за Украина во борбата за правда, слобода и споделените демократски вредности. Руската агресија мора што поскоро да престане, а извршителите на воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата.” – нагласи Османи.

Воедно, Османи ја реафирмираше нашата цврста и бескомпромисна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, притоа упатувајќи силна осуда за руската воена инвазија.  Во тој контекст, истакна дека Северна Македонија има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија, нагласувајќи ја и поддршката за украинскиот народ во справување со предизвиците од руската агресија.

Беше 28 март 2024

00:06:28