домаUncategorizedПратеници на ВМРО-ДПМНЕ со безбедносни сертификати бараат од Ковачевски да им го...

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со безбедносни сертификати бараат од Ковачевски да им го достави Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д

Деветмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои поседуваат безбедносни сертификати денеска упатија писмено барање до премиерот Димитар Ковачевски до нив да го достави Договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д. 

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека тие како претставници на граѓаните бараат во најкус можен рок да им биде доставен Договорот и оти тоа го засоиваат врз основа на чл. 68 од Уставот (Собранието врши контрола над Владата), членот 122 од Деловникот на Собранието и Законот за класифицирани информации, кој е заснован на принципот „потребно е да се знае“, кој ја утврдува потребата за пристап до класифицирани информации заради извршување на функцијата. Премиерот Ковачевски, кажа тој, потврди дека овој договор има одреден степен на доверливост. 

-Во договорот има штетни клаузули коишто прават буџетски штети а се во корист на приватната фирма, особено после лиферувањето на делови од овој договор дека Владата се обврзала да ја продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, што е спротивно на Законот за работни односи и е спротивно на одлуката на Уставниот суд која што би требало да е конечна. Ваквото продолжување во самиот законодавен дом би значело прекршување на одлуката на Уставниот суд што е кривично дело, рече Милошоски. 

Кога станува збор за буџетските трошења, според него Договорот треба да биде јавно достапен за јавноста и таа да биде сигурна дека овој проект е од јавен интерес, а не од интерес на поединци, кои би имале одреден процент или провизија. 

Милошоски рече заедно со барањето до премиерот се испратени и сериските броеви на нивните безбедносни сертификати за да може да го добијат Договорот. 

-Не сакаме во Собранието да играме мачка во вреќа односно да гласаат за измена на закони кои се однесуваат на Договорот, а Договорот да се држи во тајност, рече пратеникот Милошоски, додавајќи дека за измена на осум закони потребно е пратениците да го знаат самиот договор. 

Пратеникот рече дека доколку премиерот не го доставува договорот до јавноста и медиумите, тогаш нека го достави до пратениците со безбедносни сертификати. 

-Да видиме дали државата е потчинета. Сакаме да видиме исто така кој суд е надлежен во случај на спор помеѓу двете страни, кои цени се утврдени за градежните материјали и дали сите цени се утврдени или некаде се оставени отворени. Накратко граѓаните и пратениците имаат право да знаат како се трошат даночните средства од државниот буџет, вели Милошоски. 

Доколку не го добијат Договорот, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе продолжат со притисоци до Владата, но исто така и дека е сигурен дека Договорот нема да остане уште долго време во тајност „зашто има и совесни административци кои се обидуваат на одреден начин да објавуваат дел од овој договор“.

-Мислам дека можно е тој тренд да продолжи, смета Милошоски. 

Запрашан за тоа кога ќе почнат со работа комисиите чии претстедатели се од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот кажа дека нивен план е тоа да биде по добивањето на Договорот, но исто така рече и дека планот им е долго да говорат на седниците најавувајќи и бројни амандмани.

Беше 28 март 2024

00:06:28