домаUncategorizedИталијански рецепт за тирамису – кремасто слатко кое не се пече

Италијански рецепт за тирамису – кремасто слатко кое не се пече

Тирамису е италијански десерт кој потекнува од Тревизо, град во близина на Венеција. Oвој вид на тирамисува се подготвува едноставно. Овој вкусен и оригинален италијански рецепт за тирамису, деликатес направен од пандишпан и крем од маскарпоне и јајца се подготвува лесно и едноставно.

Состојки:

– 300 гр. пандишпан;
– 500 гр. маскарпоне;
– 4 средни јајца;
– 100 гр. шеќер;
– 300 мл. кафе;
– 2 лажици рум;
– какао во прав.

Подготовка:

1. Најпрво направете го кафето, а потоа додадете го румот. Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги белките.
2. Во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот, 3 до 5 минути. Во меѓувреме во сад истурете го сирењето маскарпоне и изматете го со лажица за да биде помеко, па измешајте го со жолчките. Полека матете го кремот маскарпоне 2 до 3 минути. Додадете ги изматените белки. Промешајте со дрвена лажица, од долу нагоре. Мешајте полека додека смесата не стане мазна и кремаста.
3. Земете керамички сад и секоја пишкота потопете ја во кафето една до две секунди (пишкотите не треба да ги натопувате премногу во кафето, бидејќи тирамисуто ќе биде многу меко).
4. Наредете ги бисквитите така што да го покријат дното на тавата, па одозгора ставете го филот. Наизменично редете ги пишкотите и филот, но внимавајте филот да биде последен.
5. На крај посипете со какао.
6. Оставете го да отстои 3 часа во фрижидер пред послужување

Беше 28 март 2024

00:06:28